Соопштение за печат

Свечено отворање на Твининг проектот финансиран од ЕУ:

Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата

 

Во среда на 31 мај ќе се организира свечено отворање на Твининг проектот финансиран од ЕУ: „ Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата “ во Инфо центарот на ЕУ во 14:00 часот. На присутните учесници на церемонијата ќе им се обратат високи претставници од Делегацијата на ЕУ, Министерството за животна средина и просторно планирање и Амбасадата на главната земја партнер во проектот.

 

Препознавајќи ја потребата за подобрување на управувањето со квалитетот на водата во земјата, Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош, го финансира Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на водата“. Проектот е со времетраење од 21 месец (мај 2017 г. – јануари 2019 г.) и има буџет од 1,2 милиони евра.

 

Главните институции-корисници се Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за хидрометеоролошки работи. Главните партнери од земјите-членки на ЕУ се Агенцијата за животна средина на Австрија, Министерството за животна средина на Република Литванија и Националниот институт за јавно здравје од Холандија.

 

Главната цел на овој проект финансиран од ЕУ е да се зајакнат административните капацитети во областа на управувањето со квалитетот на вода со спроведување на соодветното acquis на ЕУ. Овој проект ќе им помогне на националните надлежни органи во изготвувањето на План за управување со речниот слив Вардар како и во усогласувањето и спроведувањето на подзаконските акти во областа на мониторингот на водата и во издавањето на дозволи за користење на вода.

 

Во прилог Ви ја испраќаме агендата за настанот.

 

Со задоволство ги покануваме новинарите и фотографите да го покриваат овој настан.

 

Г. Илбер Мирта, Постојан твининг советник од земјата-корисник, Министерство за животна средина и просторно планирање, тел.:+ 389 76 455 405; е-пошта: i.mirta@moepp.gov.mk.

 

За информации поврзани со ова соопштение за печат контактирајте со г. Константин Јовановски, офицер за печат и информации тел.: +389 (0)2 3248 500; е-пошта: konstantin.jovanovski@ec.europa.eu

 

АГЕНДА [PDF, 269KB]