Твининг програма

Твинингот е инструмент на Европската Унија за институционална соработка меѓу Јавната Администрација на Земјите Членки на ЕУ (ЗЧ) и Земјите Корисници (ЗК). Првобитно се појави во 1998 за да им помогне на земјите кои во тоа време беа кандидати, да се здобијат со потребните вештини и искуства за да го усвојат, спроведат и применат законодавството на ЕУ.

 

Поконкретно, во ИПА регионот, Твинингот има за цел да обезбеди поддршка за транспонирање, спроведување и примена на законодавството на ЕУ (acquis на Унијата). Твинингот гради капацитети на јавната администрација на Земјите Корисници за време на процесот на пристапување, што резултира во прогресивен и позитивен развој во регионот.