Цел на проектот

Главната цел на проектот е да се придонесе кон одржливиот развој на земјата преку јакнење на административните капацитети во областа на управувањето со водата, како и подобрување на квалитетот на водата преку поддршка на имплементацијата на законодавството кое е поврзано со управувањето со водата, вклучително и Директивната 2007/60/EC за оценка и управување со ризикот од поплави и климатските промени.

 

Целта на проектот е зајакнување на административните капацитети во областа на управувањето со вода преку имплементација на соодветното законодавство од ЕУ. Овој проект посебно ќе им помогне на надлежните органи во земјата во подготовката на Планот за управување со речниот слив Вардар и усогласување и спроведување на подзаконски акти во областа на управувањето со водата и дозволите за вода.