Твининг проект MK 13 IPA EN 01 16

Рамковната директива за води 2000/60/EC ги задолжува Земјите членки на ЕУ и Земјите кандидати да постигнат добар квалитативен и квантитативен статус на сите водни тела. Важен аспект на Рамковната директива за води е воведувањето на Области на речни сливови. Овие области не се назначуваат според административни или политички граници, туку според речниот слив (просторно сливно подрачје на реката) како природно географска и хидролошка единица. Имајќи предвид дека реките обично ги преминуваат националните граници, соседните земји мора да соработуваат за управувањето со сливовите (таканаречени прекугранични сливови).